Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
песна за неемоциите.
*
ко дете стојам пред огледалото и ...
не.
ко жена стојам пред него.
го гледам в очи,
ништо не му говорам,
ништо не го прашувам само,
се напивам од водоскокот во нив,
ги освежувам горештините,
создавам оаза таму каде ќе застанат пустиниците,
патниците тргнати кон блажените острови
на осамата.
оние кои нема да заплачат и ја запеат гробната песна за мене.
оние кои нема да засолзат и молитвени зборови прошепотат,
гревовите со крв да ги измијат,
оние кои нема да и’ опростат на љубовта,
која едно утро, свој дом пронајде во горите маслинови,
која поминување,
во најтивкиот час,
во денот без свештеници.

n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara