Ja, neka ...
Autor:
, 14.07.2013 u 15:29 (853 Pregleda)
безпогледно ги следам мислите
од бездението,
налактено
што вдишуваат,
сензуален мирис
од едемовата градина во мене.
*
а во понорот на мртвата страст
стоиш
ти.
*
животворно – нежив.
кој постоиш ко
сенка од некои дни, ко
говор од ораторски ноќи, ко
песна од моите песни,
емотивно немоќна
да преживее мртви срцебиења,
чекори тивки,
ноти магловити,
реквием
на белите, онегински ракавици.
n.t.s. 14.07.2013 (16:29)