Ja, neka ...
Autor:
, 16.07.2013 u 22:48 (804 Pregleda)
Кружни облици на коцкеста одаја. Некаде во центарот – јас. Околу мене, твоите очи. Назад, свртена со грбот стои болката. Во неа пливаат солзите. Во бескрајот радоста поделена ко на сиротинска софра во пост, опстојува. Мојот глас во твојата душа повеќе не домува. Твојот ум, ги закатини сите порти. Мигот ја држи мојата десница велејќи и’: потпиши! Потпиши заборав. Нељубов. Не потпишав. Врз белината остана да почива моето, те сакам. Амин!
n.t.s. 16.07.2013 (22:45)