Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
„Ти се изгасна цигарата ...“ – ми велиш. Погледнувам. Врвот и’ е во фаза на стишување. Ете до каде стасавме. Предметите да ги оплакуваме. Нивниот крај е и наш крај. Повеќе нама за што да разговараме. Те погледнувам. Низ твојата проѕирност, ја препознавам сопствената немотивираност. Посакувам да сум на некој друг крај од собата, да се оддалечам од нејзиниот внатрешен поглед. Станувам. Со врвовите на нозете ги барам обувките. Ги проголтала и нив невидливоста. Бел чад. Се вртам. Си запалил нова цигара. Сѐ уште не ми дозволуваш да заминам.

n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara