Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
....

... а посакав да напишам песна
и во неа се нацртам,
и зборовно те прегрнам,
и интерпункциски подзастанам,
запрам,
и себеси се оградам со загради,
и си додадам три точки,
и
... не ти кажам дека те чувствувам
ко пладневна горештина,
ко вечерна свежина,
ко утринска сонливост,
ко понеделникот и секој друг ден
од времето собрано во бројот седум,
ко допирот на усните завиткани во насмевката,
ко огребот од твојата машка брада,
ко кикотот,
ко трчањето кон ветрот,
ко некоја јас,
која се распослала врз нежните линии на страста,
ко некоја јас која
...
недоцртана,
нестихотворно растреперена
или како што би рекол светот
lonely,
einsam,
მარტოხელა
...
опстојува,
а ти, епистолно ме трепериш во твоите прегратки.

n.t.s.
p.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara