Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
ноќ. тивка. питома.
постоечки постоења.
латино звуци.
јас и евора, сами.
таа низ ритмот живее.
јас приказна раскажувам
за жената со коса лелеава,
за жената со поглед, далечина,
за жената со љубов опијанета.
за неа, која, ти, ја создаде...
...а беше ноќ. тивка. питома.
недопрени допири.
ѕвездени шепоти.
музика во тивкост заробена.
таа и мирисите летни, сами.
потребите беснеат.
зборот урива сон несонет.
некаде помеѓу световите, светлина.
живот.
непознати познанства.
средби судбински.
допири печати.
тела и души, удвоени.
...и беа ноќи. тивки.питоми.
и денови. сончеви. насмеани.
од таа и тој создадени.
...беа и сė уште
постоењата постојат
за оние што веруваат
за тие што нема да дозволат
непоканети во нивната приказна
други да влезат.
... евора пее yamore,
јас раскажувам за љубовта на
таа што, ти, ја создаде. единствен.

new time
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara