Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
Во распуканата празнина, секогаш се раѓа најубавата приказна. Нема потреба од многу ентериерски кажувања. Во нејзината одаја сме сами, јас и јас. Зад нас, е некаков пејзаж што ме потсеќа на времето кое задолжително ќе ги брои календарските големини, од еден до триесет, со ниет да се додаде уште еден број. Пред мене, низ од удобни фрагменти за релаксација и перење на мислите во слики. Од лево, онаму каде седи срцето, е секако мирисот на кафето и водата со вкус на Русија. Десно, е таму е најенигматскиот дел од суштествувањето. Во дното се поставени тркалца кои го движат погледот: надвор-внатре. Прозорецот е фатално заштитен од желбата да се допре до светлината. И секако, елементарниот дел од квази денешницата: екран, црни типки за отчукување на исто таквата, црна судбина. Приказнава си доаѓа до сепствената смрт.
Епилог.
Нов живот. Ново време. Будење. Срце без флеќи. И како што бива од кажувањата од баба ми, таа мора да заврши со крилатица: „Најубавите круши ги јадат свињите“. ... Живот!!!

n.t.s. 1.9.2013 (16.00)

p.s. утре е нов ден, можеби!
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara