ги очекуваш ко неспокој моите голи мисли.
посакуваш со дланки да ги нежниш
со усни да ги топиш
нескротено, без збор.
желбата, таа посилна од тебе е.
а сама не тостои
тебе те очекува на аголот од ноќта.
помогни ми низ недрата на соништата да зачекорам
ти, којшто сакаш неспокои од ноќи украдени.
помогни ми родена да бидам во заборавот да не останам.
new time
*************************
сакам да кажам:
љубовта е поезија.
поезијата е љубов.
ги љубам и двете.
и љубовта
и поезијата.
те љубам и тебе.
ти ~ кој копнеж си
што ги врзува нив
со мене... мене со тебе.
те љубам ко што се љуби
првиот збор, оној:
на почетокот...
во бог и бог во него што е.
зборот кој е извор на
сите радости, на
сите сладости, на
сите магии, на
сите насмевки ... прегратки
разбудени после дожд од спомени
растрчани во моето срце
напишани врз парче хартија
со мастило во боја.
за да докаже едно:
љубовта е поезија.
поезијата е љубов
едноставно: ~ти~
new time